Ракометарите до 18 години ги добија противниците на младинските Медитерански игри

Машката ракометна репрезентација до 18 години денеска на ждрепката ги доби противниците за младинските Медитерански игри во Атина од 17 до 22 февруари.

Македонија е во групата Б заедно со Шпанија, Тунис, Турција, Хрватска, Црна Гора и Мароко, додека групата А е составена од Романија, Кувајт, Бахреин, Србија, Грција, Египет и Саудиска Арабија.

Ракометарите возбудувањата ги почнуваат на 17 февруари, кога најпрво играат против Шпанија од 14.30 часот, а потоа од 18.45 ќе се соочат против Мароко.

Следниот ден ги очекуваат дуелите против Тунис од 12 часот, а потоа од 15.45 ќе се пресметаат со Хрватска, по што на 19 февруари следат дуелите против Црна Гора од 12 часот и против Турција од 17 часот.

Првите четири најдобро пласирани екипи се пласираат во четвртфиналето на младинските Медитерански игри.