Рајн-Некар и Талески официјално „раскинаа“: Репрезентативецот сепак останува во Германија

Филип Талески по две ипол години си заминува од Рајн-Некар Левен и кариерата ќе ја продолжи во Балинген, кој исто така се натпреварува во Бундеслигата.

Нашиот репрезентативец имаше договор со „лавовите“ до јуни 2021 година, но бидејќи тимот не можеше да му гарантира поголема минутажа решија да се разделат. 

„Би сакале да му се заблагодариме на Филип за неговата посветеност додека беше дел од Рајн-Некар и му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави Џенифер Катеман, директорката на клубот. 

Левиот бек лани постигна 34 голови за Рајн-Некар во Бундеслигата, а во овој клуб дојде од Металург во јануари 2017 година.