Пораз на ракометарките на првиот тест во Србија

Женската македонска ракометна репрезентација загуби со 25-33 на првиот контролен меч од Србија во Стара Пазова, како подготовка на северните соседи за настапот на Светското првенство за жени.

Србија уште на почетокот на мечот направи разлика која им гарантираше победа, а потоа само рутински ја одржуваше, па во вториот дел после низата промени во составот кај домаќинките, но и со поагресивната игра на Македонија успеавме да се приближиме до водството, но Србинките не пропуштија шанса за да нѐ победат.

Јанеска со девет гола беше најефикасна, а Стојкоска додаде четири, додека Ристовска и Гичевска погодија трипати, а Ковачевиќ со шест гола беше најефикасна кај Србија.

Следниот меч на Македонија со Србија ќе се игра во понеделник од 12 часот, а ова е втора акција на селекторот Љупомир Савевски откако во октомври во Европскиот куп на ЕХФ загубивме двапати од Црна Гора.