
Почна Светското јуниорско првенство за жени во Скопје, Македонија отвора вечерва против САД
Натпреварите веќе почнаа денеска во 9 часот, а се играат СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. Ракометната федерација на Македонија се погрижи салите да бидат подготвени за шампионатот според сите стандарди и да ги понудат најдобрите услови за земјите учеснички на овој ракометен настан.
Македонската репрезентација ќе игра во групата „Х“ заедно со Исланд, Ангола и САД. Прв противник е САД, а мечеот се игра вечерва од 20:15 часот. Со Исланд се среќаваме в петок од 18, а со Ангола в недела од 20:15 часот. Сите дуели од групната фаза Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.