![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2021/01/14/139170-organizacijata-vo-egipet-e-uzhasna-a-sekojdnevno-stanuva-ushte-polosha.jpg?itok=DyLBRNgL)
„Организацијата во Египет е ужасна, а секојдневно станува уште – полоша!“
Во тоа предничат од таборот на Норвешка, која од вторникот е во Африка и чии ракометари и тренери биле шокирани од тоа што го видоа на лице место. Негативните импресии прв ги пренесе нивниот најдобар ракометар, Сандер Сагосен.
„Ова е пародија. Сѐ што ни се случува од доаѓањето во Египет е една огромна - смешка. Нема систем, ниту организација каква што ни ветуваа. Условите се ужасни и стануваат полоши од час во час. Тука луѓето без проблеми се шетаат без маски, а ние дури и јадеме со нив во иста просторија. Од сѐ што ни вети организаторот во делот на превенција не е исполнето апсолутно ништо. Ова никако не може да се нарече 'балон'. Моравме да поставиме наши интерни правила, али ни тоа ништо не ни гарантира бидејќи е како на Дивиот Запад. Ни преостанува само да се надеваме дека ќе имаме среќа и нема да се заразиме“, изјави Сагосен.
Норвешка првиот меч на Мундијалот ќе го одигра вечерва против Франција (20.30 часот), додека во исто време и Македонија игра против Шведска.