Одбранетиот пенал на Галевски вреден деветто место на ЕП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија ја победи Франција на младинското Европско првенство и со 29:30 и така го освои деветтото место.

Иако избраниците на Раде Стојановиќ имаа водство во текот на целиот натпревар Франција во последните моменти имаше шанса да стигне до реми.

Митев заработи исклучување и беше досуден пенал за Французите. Сепак, Галевски беше на висина на задачата и одбрани за победа на Македонија.