Норвешка на чекор до полуфинале: Сагосен безмилосен против Исланѓаните

Репрезентацијата на Норвешка останува една од трите непоразени селекции на Европското ракометно првенство, откако оваа селекција вечерва забележа уште еден триумф, овој пат над Исланд со 31-28, во главната фаза од континенталниот собир.

Норвежаните фуриозно го стартуваа натпреварот и по осум минути игра имаа феноменални 7-0. Популарните „рибари“ својот прв гол на овој меч го постигнаа дури во деветата минута (7-1), но противникот знаеше како да ја одржи предноста, па на полувреме замина со седум позитива (19-12).

Далеку подобра игра прикажа Изланд во вториот дел, а во последните 15-тина минути успеа да се врати и на три негатива, но тоа беше се што можеше да направи покрај далеку помотивираните Норвежани.

Најефикасен во победничкиот состав беше кој друг ако не Сандер Сагосен, кој зад своето име запиша девет погодоци од 15 обиди. Зад него со шест гола најмногу се истакна Кристијан О‘Саливан, додека одличен на голот беше и Бергеруд со 13 интервенции.

Со оваа победа, избраниците на Кристијан Берге остануваат на првото место на табелата со максимален ефект во главната фаза, па уште вечерва ќе можат да го резервираат билетот за полуфинале, во случај Унгарија да не победи во дуелот против Шведска (20:30 часот).