Нашиот Митревски со емотивна порака до соиграчот кој се бори за живот (ФОТО)

Европската ракометна јавност сѐ уште е потресена по големата несреќа што се случи на тренингот на Порто, кога голманот Алфредо Кинтана колабира и веднаш беше пренесен во болница, каде што е утврдено дека имал срцев удар.

Тој во моментов е во вештачки индуцирана кома и лекарите сѐ уште се борат за неговиот живот. Поддржка стигнува од сите страни, а меѓу нив е и таа од неговиот соиграч и партнер пред голот на португалскиот тим, нашиот Никола Митревски.

„Кинтана, мора да покажеш дека си силен. Време е да ја направиш најважната одбрана во животот“, напиша Митревски.