Младите ракометари загубија убедливо на тестот против Романија

Македонските ракометарите родени 2004 година и помали денеска загубија на пријателскиот меч против Романија со 22-30, кој се играше во Калараши.

Младите ракометари имаа негатива во текот на целото прво полувреме, но не му дозволија на противникот да избега на повеќе од четири голови (7-11) до 25. минута, по што на полувреме успеаа и да ја намалат негативата на 10-13.

Романија отвори со 5-0 во второто полувреме и набрзо зголеми на 18-10, по што македонските репрезентативци ја бркаа негативата во целиот меч и загубија со 22-30.