Младинците фантaстично го почнаа ЕП во Целје – двоцифрено ја прегазија Црна Гора!

Младинските репрезентативци на Македонија имаа фантастичен старт на Европското првенство (ЕП) во словенечкиот град Целје, откако денеска ја прегазија Црна Гора (31-21).

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ рано дојдоа до убедлива предност (10-3), која до крајот умешно ја одржуваа, па и ја зголемија. Ова е голем исчекор на нашиот младинци на патот кон избегнување на борбата за опстанок, па зошто да не и за пласман во четврт-финалето, во кое ќе се најдат најдобрите во секоја од шесте групи заедно со двете најдобри второпласирани екипи. Останатите четири, заедно со четирите најдобри третопласирани тимови ќе играат за пласман од деветтото до 16. место, додека останатите осум состави ќе играат за останување во елитната конкуренција.

Следен противник на жолто-црвените таленти е Хрватска, против која играме утре (12 часот), додека првата фаза ја завршуваме против Австрија на 13 јули исто така точно на пладне.