Дуел со многу тензија: Ирците стоеја со наведнати глави на химната на Израел (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ирска со 3-0 го победија Израел во натпреварот од Лигата „Б“ во Лигата на Нации, а овој натпревар беше исполнет и со многу тензија.

Уште пред почетокот на натпреварот при интонирањето на химните, Ирците го покажаа своето незадоволство од одигрувањето на дуелот така што стоеја со наведнати глава.

Исто така немаше ниту ракување помеѓу капитените.