Жестока казна за ѕвезда на Сити - алжирскиот селектор го избрка од репрезентацијата! (ВИДЕО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Алжир, Брахим Хемдани, донесе ригорозна одлука и ја отстрани ѕвездата на Манчестер Сити, Рајан Аит-Нури, од националниот тим.

Причина за драстичната казна било неприфатливото однесување на 25-годишниот лев бек за време на натпреварот против Замбија.

Инцидентот ескалирал откако стручниот штаб во повеќе наврати го испраќал играчот на загревање, а потоа го враќал на клупата, што предизвикало револт кај фудбалерот кој потоа одбил да ги следи понатамошните инструкции.

Од таборот на репрезентацијата официјално било потврдено дека реакцијата на фудбалерот била целосно несоодветна, поради што тој веднаш бил испратен назад во Англија и нема да конкурира за претстојните натпревари.