Митревски блескаше со 15 одбрани, но Порто остана без трофеј!

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, одигра фантастично во финалето од Купот на Португалија, но и покрај тоа неговиот Порто загуби во пресметката со сезонава неприкосновениот Спортинг (30-34).

Составот од Лисабон клучната предност ја создаде во првиот дел кој го доби со 18-14 и потоа го контролираше резултатот и дојде до трофејот број 18 во ова натпреварување. Митревски во последниот настап за Порто имаше 15 интервенции, но тој и Руи Силва, кој даде 10 голови не беа доволно за освојување на ова натпреварување.

Репрезентативниот голман привремено ја прекинува интернационалната кариера, со оглед што следната сезона ќе игра за Пелистер, со кого веќе потпиша договор.