Марко Мишевски повторно ќе игра во Франција

Репрезентативецот на Македонија, Марко Мишевски кариерата ја продолжува во Франција.

Мишевски кој претходно го напушти Вардар потпиша едногодишен договор со францускиот второлигаш Курнон Доверњ.

За македонскиот ракометар ова не е прво искуство во Франција бидејќи во сезоната 2018/2019 го носеше дресот на Гренобл.