Малубројната Фаланга ги надвика илјадниците Данци во фан-зоната! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонските навивачи пристигнаа во Хернинг каде што ќе ѝ дадат поддршка на нашата ракометна репрезентација во дуелот против Данска на стартот на Европското првенство (ЕП).

Малубројната „Фаланга“ ги надвика илјадниците Данци во фан-зоната и најави дека гласно ќе го бодрат македонскиот тим и од трибините за време на вечерашниот натпревар.

Дуелот меѓу Македонија и Данска се игра вечерва од 20.30 часот.