Лазаров: Играме против најдобриот тим во светот и ќе го дадеме нашиот максимум!

Македонската ракометна репрезентација го почнува Европското првенство (ЕП) против домаќинот Данска, а селекторот Кире Лазаров смета дека пред неговите ракометари е голем предизвик.

Лазаров кажа дека играат против најдобриот тим во Европа и светот, но ќе го дадат максимумот на теренот за да извлечат позитивен резултат.

„Задоволство е да играш против Данска на нивни терен пред 15.000 гледачи. Атмосферата е добра и мислам дека се наоѓаме во добра форма. Ќе го дадеме максимумот и ќе се покажеме во најдобро можно светло. Верувам во тимот, ако не верував немаше да работам со нив. Знаеме дека играме против најдобриот тим во Европа и светот, дадени се одредени насоки, треба да го почитуваме планот, зависи од нас, но и од противникот како ќе одигра. Се надевам на добра игра и позитивен резултат“, кажа Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра вечерва од 20.30 часот.