Работнички потпиша шестмесечен договор со Мерџани (ФОТО)

Поранешниот македонски шампион Работнички го чека тешка борба за опстанок во вториот дел од сезоната, па затоа пред новите предизвици реши да го промовира Зија Мерџани како ново засилување.

Искусниот фудбалер игра на позицијата лев бек, па треба да му помогне на тренерот Муарем Муарем во остварување на целите во пролетнито дел од сезоната.

Мерџани претходно играше две сезони за Шкендија, а го носеше и дресот на Струга, па има големо искуство во Првата лига.