Една од најмалите европски земји под истрага за местење натпревари на ЕП во ватерполо!?
Една од најмалите земји во Европа го запиша првиот триумф на ЕП во Белград, откако го совлада Израел во разигрувањето за позициите од 13. до 16. место, но неколку часа подоцна се појавија информации дека е отворена истрага.
„Тајмс оф Малта“ објави дека неколку ватерполисти се под истрага поради тоа што се обложувале на своите натпревари за време на европскиот шампионат.
Според првичните информации, четворица играчи се осомничени дека се обложувале на гол-разлика во првата средба против Црна Гора, која заврши со пораз на Малта од 12-21.
Фото: EPA