Португалија ја растури Романија на почетокот на ЕП
Романија влезе подобро во мечот и водеше со 4-2, но потоа следеше серија од 6-0 на Португалците за предност од 8-4. Како минуваше времето, така Португалија успеваше да влезе во одличен ритам и на паузата да замине со убедливи 23-15.
Во второто полувреме Романија постојано бркаше негатива против Португалија, а дури во завршницата успеа да намали на четири голови негатива (34-38), а на крајот загуби со 34-40.
Најефикасен во победничкиот тим беше Франциско Коста со осум голови, додека Даниел Санчиуц запиша осум погодоци за Романија.
Фото: EPA