Рекорд: Словенија и Црна Гора одиграа меч на ЕП со 81 гол!
Највозбудливиот меч во досегашниот дел од првенството го одиграа Словенија и Црна Гора, двете селекции постигнаа 40+ голови.
Мечот беше исклучително ефикасен и драматичен. На пет минути до крајот беше 37-37, а Словенија во инфарктна завршница успеа да дојде до победа од 41-40.
Најефикасни во селекцијата на Словенија беа Домен Макуч и Домен Новак со по девет голови, Блаж Јанц постигна осум. Кај Црна Гора, Бранко Вујовиќ даде 11, а Милош Вујовиќ девет голови.
Ова е и најефикасен натпревар во историјата на Европските првенства, 81 гол.
Претходниот рекорд го джвеа Белорусија и Исланд, меч од групната фаза во 2016 година.