Нашите не се исплашија - летаа и „цепелини“ против Данска (ВИДЕО)

Македонската репрезентација одигра мошне солидно прво полувреме од дуелот против Данска, во воведното коло од Европското првенство.

Не само што акциите беа течни, туку си дозволија и атракции кои го привлекоа вниманието на љубителите на ракометот низ Европа.

Убедливо најубав беше моментот во 20. минута кога тандемот од Алкалоид, Митев-Серафимов направи цепелин, на воодушевување дури и на домаш=ните навивачи.