Не било тактика: Селекторот откри зошто Митревски и Пешевски не играа против Данска
По вечерашниот натпревар, селекторот Кире Лазаров објасни дека нивното отсуство е резултат на превентивна одлука, поради ситни повреди со кои не сакале да ризикуваат во првиот меч од шампионатот.
„Митревски и Пешевски имаат помали проблеми со повреди и заедно со медицинскиот тим одлучивме да ги поштедиме. Верувам дека во следните два дена ќе успееме целосно да ги рехабилитираме и да ни бидат на располагање за натпреварот со Португалија. Со нив во составот сигурно ќе бидеме посилни“, истакна Лазаров.
Селекторот додаде дека двајцата ракометари се во добра форма и имаат солидна сезона зад себе, потенцирајќи дека доколку беа целосно здрави, без дилема ќе беа дел од тимот против Данска. Очекувањата се дека в недела против Португалците ќе се вратат во ростерот и ќе му помогнат на националниот тим во овој, можеби клучен дуел за пласман во следната фаза.