„Македонија е подготвена, ќе влезе храбро и без калкулации против Данска!“

Македонија вечерва го почнува настапот на Европското првенство (ЕП) против домаќинот Данска, а Филип Миркуловски, кој е дел од националниот тим, ги сподели очекувањата за натпреварот.

Миркуловски кажа дека Данска е фаворит за освојување на ЕП, но Македонија е подготвена и ќе даде сè од себе на теренот.

„Данска е фаворит на ЕП, тие се фаворити против 99 отсто од репрезентациите. Играат на домашен терен. Ние мора да ја одиграме нашата игра и ако ни се даде шанса, да ги изненадиме. Пред полна арена е тешко да се игра. Имаме шанса да ја поминеме групата, иако е навистина тешка. Оваа Македонија е подготвена, во мечот со Данска треба да влеземе храбро, без калкулации“, кажа Миркуловски.

На трибините ќе има и македонски навивачи кои ќе им дадат поддршка на ракометарите, а Миркуловски вели дека тоа многу значи за земја како Македонија.

„Поддршката од публиката е ептен важна за ракометарите, кои ќе дадат сè од себе за Македонија. Ќе биде тешко да се спречи Гидсел, иако селекторот понуди решение како да играме против него, па ќе видиме што ќе се случи на теренот“, посочи тој.