Статистиката ја потврди црната историја: Македонија во Хернинг играше без крила (ФОТО)
Како поинаку да се објасни празнината во статистичката анализа на ударите на жолто-црвените на вечерашниот дуел во Хернинг во делот што означува удари од крилните позиции. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вкупно упатија 45 удари кон голот на актуелниот светски првак 14 беа од линијата од шест метри, три од седмерци, 18 од девет метри, четири од контранапади, пет од пробивања и еден на празен гол. Во колоната за шутеви од крилните позици нема ниту една бројка, што е еднакво на – НУЛА. Тешко е да се каже дали во минатото сме имале ваков меч без никакви обиди да се загрози противничкиот гол од левото или десното крило, но тешко дека би згрешиле ако би кажале дека е ова можени прв во историјата со ваква стерилност од две позиции од кои во минатото сме знаеле да бидеме опасни.

Но, барем во последните 10-15 години на овие места во тимот, меѓу другите, сме имале имиња како Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, кои дефинитивно знаеја да дојдат до позиција да го загрозат голот на ривалот. Мора да се напомене дека и брзата и подвижна одбрана на Данците дефинитивно придонесе да се најдеме во ситуација во сите 60 минути да немаме ниту еден шут од крилата.