Пелистер се раздели со двајца американски кошаркари (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Пелистер соопшти дека во 2026 година влегува без двајца американски кошаркари кои беа дел од битолската екипа во првиот дел од сезоната.

Пелистер ги прекина договорите со Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, кои имаа солидни настапи за екипата од Битола.

„Зелено-белото семејство им се заблагодарува на Си-Џеј и на Остин за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите. Воедно, им посакуваме многу среќа во нивните следни клупски ангажмани“, соопшти Пелистер.