Македонска ракометна репрезентативка позитивна на ковид-19

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ, која игра за романската екипа Глорија Бузау е позитивна на коронавирус, велат информациите од тамошните медиуми.

Во понеделникот пред почетокот на подготовките за новата сезона во Романија направени се тестови на сите ракометарки, па за жал нашата репрезентативка е позитивна и уште една ракометарка на Крајова.

Ливриниќ веднаш е ставена во самоизолација, како и нејзината цимерка и двајца масери на екипата кои имале конктакт со нашата ракометарка.

Централниот бек игра во романското првенство веќе четири години, откако направи трансфер од Металург во Данубиос Галати во 2016 година. Минатата сезона ја играше во дресот на Динамо Букурешт, а од оваа сезона ќе го носи дресот на Глорија Бузау.