Драма во Бугојно: Македонија промаши шут за реми против Словенија!

Репрезентацијата на Словенија е првиот финалист на традиционалниот турнир во Бугојно, откако македонските кадети во драматичен финиш промашија удар за реми, па на крајот загубија со 25-26.

Словенија играше фантастичен меч, па постојано ја имаше предноста, која изнесуваше 7-3 во 11. минута. До самиот финиш водството на Словенците порасна и до 18-13.

И во второто полувреме Словенија доминираше на стартот, па имаше предност од 24-14 во 40. минута, по што почнаа нашите кадети да играат многу подобро и успеаа да се вратат од негатива од -10, па во последната акција имаа негатива од 25-26.

Во послените секунди од мечот испратија удар, но истиот заврши покрај голот на Словенија, па така Словенците обезбедија финале на турнирот.