Македонија од вториот барабан во Лисабон ќе ги добие ривалите во квалификациите за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација за десетина дена (26 март) ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Шпанија, Швајцарија и Португалија, соопшти Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Нашите ракометари, според ранкингот, ќе се најдат во вториот шешир, заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија. Тоа значи дека овие селекции не можат да паднат во иста група со жолто-црвените.

Ждрепката ќе се одржи во Лисабон (19 часот)м а во квалификациите ќе учествуваат вкупно 32 репрезентации, поделени во осум групи. Пласман на контненталниот собир ќе обезбедат најдобрите 24 селекции.

БАРАБАНИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028

ПРВ БАРАБАН: Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија, Словенија

ВТОР БАРАБАН: Македонија, Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка, Италија

ТРЕТ БАРАБАН: Литванија, Босна и Херцеговина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија, Црна Гора

ЧЕТВРТИ БАРАБАН: Естонија, Летонија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска, Словачка