Ливриниќ на 28 години ја заврши ракометната кариера

Поранешната македонска репрезентативка Елена Ливриниќ реши да стави крај на кариерата на само 28-годишна возраст.

Ливриниќ до 2018 година го носеше дресот на ЖРК Металург, по што играше за Данубиус Галаци, Рапид Букурешт, Глориа Бузау и Сомбатели.

Ракометарката претходно го носеше и дресот на македонската репрезентација, меѓутоа не успеа да заигра на големо натпреварување.