Лазаров е ѕвездата на Македонија – колку гола ќе даде на ЕП 2020? (ВИДЕО)

Неполн месец пред стартот на Европското ракометно првенство во Австрија, Шведска и Норвешка идниот месец, Европската ракометна федерација (ЕХФ) почна да ја билда атмосферата пред континенталниот шампионат.

Македонија е во група со ко-домаќинот Австрија, Украина и со Чешка во обид да остави нов силен белег на ракометниот шампионат, а како и во изминатиов период, лидер на тимот е најдобриот стрелец Кирил Лазаров, рекордерот по број на голови на едно ЕП, ама и на едно СП, како и прв што ја минал магичната граница од 1.000 голови во ЛШ.

Македонија сонува, а ЕХФ прашува – колку гола ќе даде Лазаров на ова ЕП?