Кадетите ја решија Грција во битката за 19. место на ЕП
Грција имаше предност на почетокот на средбата (2-1), по што Македонија влезе во добар ритам и го презема водството (11-7), додека на полувреме резултатот бееш 12-9 во корист на македонските ракометари.
Кадетите во второто полувреме отворија со мини-серија од 3-0 и стигнаа до 15-9, но Грција во завршницата влезе во одличен ритам и израмни на 24-24, меѓутоа Македонија го возврати ударот и славеше со 26-24.
Најефикасен стрелец кај Македонија беше Дарко Димовски со 11 голови.