ИХФ вели: Македонија го игра мечот на денот!

Вчера беше отворено Светското првенство во Германија и Данска со триумф на домаќините против Кореја, односно Чиле, па денеска продолжуваат возбудувањата. Македонија ќе настапи против Јапонија, а според ИХФ тоа е натпревар на денот.

ИХФ го претставува како дуел меѓу рекордерот на Светските првенства, Кире Лазаров и тренерскиот гениј Дагур Сигурдсон, а целта на двете страни се различни.

„Ние сме тука да учиме и да добиеме искуство за Олимписките игри во 2020 година на домашен терен во Токио“, кажа Сигурдсон.

Јапонија одигра добро во последните тест натпревар, откако ја победија Чешка и одиграа нерешено со Полска, но загуби по продолженија. Исто така одигра реми со Швајцарија, па загуби повторно од Португалија и Тунис.

Во Азија, тие го пропуштија четвртфиналето и квалификацијата за Светското првенство, но беа наградени со „вајлд-карта“ од ИХФ. Во период од 2005 до 2017 година, Јапонија учествуваше на три Светски првенства.

Од друга страна, Македонија е дел од сите големи настани од 2012 година, освен на Олимписките игри.

„Токио е сон за мене и за сите нас“, кажа капитенот на репрезентацијата, Лазаров.

Лазаров има постигнато рекорден број голови (92) во 2009 година на Светско првенство во Хрватска и стана повторно најдобар во Франција во 2017 година.

„Во моментов го подмладуваме тимот. Но, се надеваме дека ќе останеме на врвно ниво во следните две години со овие млади ракометари“, вели Лазаров.