И Митревски му откажа на Лазаров, нема да брани против Јапонија

Селекторот Кире Лазаров и ракометарите денеска ги започнаа подготовките за двомечот со Јапонија, а за овој собир Лазаров нема да може да смета и на голманот Никола Митревски.

Ќе потсетиме, претходно повикот го одби Манасков, додека Митревски уште пред неколку дена го информирал Лазаров дека има повреда поради која нема да може да настапи. На негово место во селекцијата е Марко Кизиќ.

„Николче Митревски се појави на собирот, но ми најави дека има повреда и затоа го повикав дополнително Марко Кизиќ. Задоволен сум од формата на репрезентативцитее и сигурно дека оваа недела ќе дојде добро за да се видиме одблиску и да сработиме нешто повеќе“, изјави Лазаров.

Македонија првиот натпревар со Јапонија го игра на 30 ноември во Автокоманда и тој ќе биде од затворен тип, додека втората пресметка е закажана за 1 ноември во Куманово.