Хрватска ја совлада Швајцарија, но ќе чека чудо за пласман во полуфинале на ЕП
Швајцарија моќно го почна мечот и водеше со 5-1, но набрзо Хрватска почна да се буди и го сврте резултатот во своја корист, па на полувреме замина со 13-11.
Хрватите ја одржуваа предноста во второто полувреме, иако Швајцарија успеа да намали на 22-24, сепак немаше сила да го загрози посериозно водството на ривалот.
Најефикасни кај Хрватска беа Звонимир Срна и Иван Мартиновиќ со по пет голови, додека Самуел Зендер запиша шест гола за Швајцарија.
По три одиграни меча, Исланд, Шведска, Словенија и Хрватска имаат по четири бодови, а постои голема можност Хрватите да останат без полуфинале бидејќи претходно Исланд ја шокира Шведска и направи хаос во групата.
Исланд во наредното коло ќе се соочи против Швајцарија, додека Шведска ќе игра против Унгарија.