Арсенал оштетен: Мегвајер „бранеше“, пенал - нема! (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал беше жестоко оштетена на денешниот натпревар против Манчестер Јунајтед кој гостите го добија со 3-2 и на „топчиите“ им го нанесоа првиот пораз на Емирејтс сезонава.

Во 71. минута, при водство на Јунајтед со 2-1, Хари Мегвајер играше со рака во својот шеснаесетник, буквално го одврани ударот на Мерино, но судијата не се огласи.

Арсенал подоцна израмни на 2-2, но само три минути подоцна Куња постигна гол и му донесе победа на гостинскиот тим.