Невреме го одложи мечот меѓу Денвер и Мемфис
НБА-лигата реши да го откаже мечот од безбедносни причини, за да ги заштити навивачите, вработените и кошаркарите.
Новиот термин на средбата треба дополнително да биде одреден, а навивачите ќе мора да почекаат официјални детали од организаторите.
Ова е второ одложување на натпревар во најсилната кошаркарска лига во последните два дена, откако вчера не се играше мечот меѓу Минесота и Голден Стејт поради убиство.
Фото: Facebook/Denver Nuggets