Србија ја надигра Унгарија и стана европски шампион во ватерполо!

Српската репрезентација во ватерполо триумфира во финалето на Европското првенство (ЕП) со 10-7 против селекцијата на Унгарија на мечот во Белград.

Натпреварот тргна по очекувањата, а први до гол стигнаа Унгарците, но потоа возврати Србија и поведе со 3-2. Унгарија возврати на идентичен начин и набрзо израмни на 5-5, меѓутоа Србија го доби третиот период и стигна до 7-6.

Во завршницата од средбата се водеше голема битка, но Србите беа поуспешни и ја затресоа мрежата на Унгарија дури три пати за на крајот да слават со 10-7.

Нашиот северен сосед по пауза од осум години повторно го крена европскиот пехар, откако претходно доминираше и беше шампион во 2012, 2014, 2016 и 2018 година.

Третата позиција на турнирот ја освои Грција, откако славеше со убедливи 12-5 против Италија.

Фото: EPA