Дербито во Рим без победник: Милан и Рома си поделија по еден бод (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Милан и Рома на „Олимпико“ во Рим заврши без победник (1-1) во 22. коло од Серија А.

Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме, и тоа Кони Де Винтер стрелаше за предност на „росонерите“ во 62. минута, а потоа Лоренцо Пелегрини од пенал во 74. минута израмни на 1-1.

Милан со ова реми остана на пет бодови зад лидерот Интер, додека Рома е на делба на третата позиција со Наполи со по 43 поени.

Фото: Facebook/AS Roma