Филип Лазаров се зарази со Ковид-19!

Германските медиуми објавија дека македонскиот ракометар Филип Лазаров има позитивен тст на коронавирус. А ракометарот на Ратинген најверојатно се заразил на пат кон Германија.

Лазаров не заминал на подготовки со екипата и направил тест, кој се покажал како позитивен, а во моментов се наоѓа во самоизолација и не покажува никакви симптоми.

Според првите информации од Германија, ниту еден од колегите на Лазаров не се заразени со коронавирусот, а македонскиот ракометар треба да направи и втор тест.