
Фарски Острови прв противник за Македонија на младинското СП
Прв противник на македонските млади ракометари е селекцијата на Фарски Острови, а за овој натпревар Стојановиќ ќе ги нема на располагање Самоил Ристевски и Дамјан Митев поради повреди.
Светското првенство во Полска се игра во четири града, Келце, Плоцк, Катовице и Сосновиец и за нас ова е прв настап на еден младински Мундијал по пауза од осум години.
Селекцијата на Фарски Острови на турнирот настапува со вајлд-карта, но никако не смее да се потцени, а името кое што се издвојува е Оли Митун кој на Мундиајлот во 2023 година за кадети го доби признанието за најдобар централен бек.
На последниот натпревар пред Светското првенство, Македонја славеше убедлива победа од 37-27 против Јапонија, па така денешниот натпревар го дочекуваме во добра атмосфера.
Во нашата група „Ф“ покрај Фарски Острови се уште селекциите на Исланд и Романија, а натпреварите ги играме во Катовице.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА