Червар испаничен: Штета за Дувњак!

Репрезентацијата на Хрватска според планираното стартуваше со победа на европскиот шампионат на кој таа е домаќин, откако ја прегази селекцијата на Србија.

Сепак, не беше сѐ така совршено за коцкестите бидејќи се повреди Домагој Дувњак, а селекторот Лино Червар ја изрази својата загриженост поради ваквиот развој на настаните.

„Станува збор за повреда на листот, отиде мускулно влакно. Сепак, ќе видиме допрва колкав е степенот на оваа повреда, каква е точната дијагноза, па потоа да знаеме што ќе преземеме. Навистина сум загрижен, голема штета за Дувњак. Ваквите потешкотии не прават посилни“, изјави Червар по натпреварот.

Според зборовите на Червар, станува збор за посериозна повреда и најверојатно групната фаза за Дувњак е завршена.