Червар за Лазаров: Блазе си им на играчите кои имаат шанса да работат со него

Тренерската легенда Лино Червар, кој своевремено беше и селектор на Македонија упати низа комплименти на адреса на нашиот ракометари актуелен предводник од клупата Кирил Лазаров. 

Во изјава за „МоцартСпорт“, Хрватот вели дека ќе навива за Македонија, која и натаму ја смета за втора татковина и дека ракометот е во добри раце под водство на Лазаров. 

„Искрено јас навивам за мојата втора татковина, Македонија. Мораме да бидеме објективни, Македонија минува низ промени и менуваат генерации. Тимот го предводи Кирил Лазаров, најголемата легенда во земјата. Го сакам и го почитувам Киро, работевме заедно. Секој мора да го следи неговиот пример. Тој е голме човек кој се грижи за сè, блазе си им на играчите ко имаат шанса да работат со него, тие се среќни луѓе. Тој е прав идол, вистински ракометар, пример за еден спортист како треба да игра и како еден човек треба да се однесува надвор од теренот. Иако рано влезе во тренерските води, мислам дека има голем квалитт и дека ќе го покаже тоа. Лазаров е гладен за победи и како тренер и како играч. Очекувам голема неизвесност. Никому нема да му биде лесно да ја добие Македонија, ниту на Словенија ниту на Црна Гора ниту на Данска, која веќе еднаш загуби од Македонија во квалификациите“, изјави Червар.