МЗТ го декласира Штип: Аеродромци уште на полувреме ја обезбедија победата!

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа во дуелот против Штип со 96-74 во осмото коло од македонската Суперлига.

Екипата од Аеродром тргна фуриозно во натпреварот и ја доби првата четвртина со 24-11, додека во продолжение беше уште поубедлива за на паузата да стигне до 51-23.

МЗТ во вториот дел од натпреварот го забави темпото, па Штип успеа само да ја намали негативата на 74-96.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лука Стојановкси со 21 поен, два скока и пет асистенции, додека Џокрол Пал постигна 22 поени, седум скокови и една асистенција за Штип.

Претходно до победа стигна и Кожув над Струмица со 75-69, додека Пелистер славеше со 85-72 против Куманово.