Лион го доби дербито против Лил и освои големи три бода (ВИДЕО)

Лион оствари важна победа на гостувањето кај Лил, откако славеше со минимални 1-0 во дербито од 11. коло во француската Лига 1.

Решавачкиот момент се случи во 40. минута, кога Мадс Бидструп ја затресе мрежата на домаќините и му донесе предност на Лион.

Гостите успеаја да ја сочуваат минималната предност до крајот, иако натпреварот понуди возбудувања и неколку интересни ситуации пред двата гола.

Останати резултати:

Ланс – Тулуз 1-1
Монако – Оксер 1-1
Стразбур – Брест 0-1

Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL