„Проектилот“ на Мектоминеј го расплака Торино (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи триумфираа против Торино со 1-0 во 12. коло од Серија А, додека херој на победничката екипа беше Скот Мектоминеј.

Шкотскиот репрезентативец во 73. минута испрати прекрасен удар кон голот на Торино и ја затресе мрежата на противникот за победа на Наполи.

Наполи ја прекина црната серија од три меча без победа, па сега има 18 бодови на седмото место, додека Торино е на 12. позиција со 14 поени во Серија А.

Фото: Facebook/SSC Napoli