Брестовац со три промени за дуелот против Грциja

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац направи три промени во составот за утрешниот дуел со Грција во рамки на последното коло во квалификациите за Европското првенство. 

На местото на пикерот Стојанче Стоилов шанса во селекцијата ќе добие Горан Крстевски, кој игра на позицијата централен бек. Дарко Димитриевски како специјалист за одбрана ќе го замени повредениот Милорад Кукоски, додека на десната бековска позиција Томислав Јагуриновски отпаѓа, а на негово место влегува тимскиот колега од Металург, Мартин Серафимов.

Натпреварот во Струмица утре се игра со почеток во 18 часот, а директен пренос ќе има на телевизија Телма.