Брестовац: Една од причините за поразот се многуте повреди

Македонија загуби од Белорусија со 26-30 во своето последно појавување на Светското ракометно првенство во Египет, со што заврши без бодови во групата 4 од главната фаза. Селекторот Данило Брестовац, по натпреварот истакна дека меѓу другото, причина за поразот се и повредите во нашиот состав.

Тој потенцира дека не размислувале на пласманот, туку само на победта на овој меч

“Беше тежок натпревар, а ние направивме многу грешки во второто полувреме. Имаме доста повреди и тоа е една од причините поради кои загубивме. Денеска игравме за да победиме, не нè интересираше конечниот пласман“, рече Брестовац на прес-конференцијата по дуелот.

Македонија направи повеќе замени во текот на првенството, поради повреди, а еден од играчите кои не успеа да го доврши шампионатот беше средниот бек Марио Танкоски.