Вујовиќ по неславната епизода со Нексе оди во пензија!?

Поранешниот тренер на Нексе, Веселин Вујовиќ доби суспензија од три месеци поради инцидентот кој се случи на дуелот против Загреб на почетокот на април оваа година.

Вујовиќ е разочаран поради одлуката на Дисциплинската комисија, но посочи дека очекувал таков епилог и најави дека ќе размисли за крај на кариерата.

„Очекував казна поради инцидентот. Тоа го забрза моето заминување од клупата на Нексе. Засега немам никакви планови, ќе видиме што ќе се случи. Но веќе долго време сум тренер и размислував за тоа дека можеби е време да се повлечам. Ако има добра опција ќе ја прифатам, а ако не, тогаш ова е крајот“, кажа Вујовиќ за „Спортске Новости“.