Вардар со победа над Војводина тргна во Регионалната лига!
Војводина е во Охрид за да настапи на турнирот „Крсте Андоновски“ кој почнува од утре. А нивниот престој во Македонија го користи и за одигрување на два меча од Регионалната лига.
Иако се работи за меч од осмото коло, Вардар и Војводина се сретнаа денеска. Црвено-црните дојдоа до релативно лесна победа.
Првото полувреме Вардар го доби со 20-15, а во вториот дел ја одржа предноста и славеше со конечни 36-30.
Леон Љевар и Жоао Педро постигнаа по шест голови, Гоце Георгиевски, Јака Малус и Матео Фадуил дадоа по пет.