Еден фудбалер ќе му направи услуга, познато е кој број Родри ќе го носи во Барселона
Во меѓувреме, решена е и дилемата околу бројот со кој Родри ќе настапува во новиот клуб.
Искусниот играч за врска во Манчестер Сити и во репрезентацијата на Шпанија го носеше дресот со број 16. Сепак, истиот број во Барселона досега беше на грбот на Фермин Лопез.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Родри разговарал со младиот фудбалер и го прашал дали би му го отстапил бројот. Фермин без двоумење се согласил, па новото засилување на Барселона ќе продолжи да го носи својот препознатлив број.
Од следната сезона, пак, Фермин Лопез ќе настапува со бројот седум, кој досега му припаѓаше на Феран Торес и кој го напушти клубот за да продолжи во ПСЖ.
Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)